Се укинуваат визите за Дубаи

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На барање на Македонија, се укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја.

„Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина. Нека е честито“, напиша Мицкоски.