Се укинуваат мерки, се исплаќаат пензии... - Предизборен поткул или короната е на пауза?

Владата на вчера одржаната седница донесе две одлуки, кои, дел од граѓаните ги толкуваат како предизборен поткуп во пресрет на вториот круг од локалните избори 2021.

Имено, октомвриските пензии на сметките на пензионерите „ќе легнат“ пет дена порано, односно ќе бидат исплатени од 26 до 29 октомври, додека вториот круг од локалните избори е на 31 октомври. 

Дел од „дежурните критичари“ на социјалните мрежи реагираат и на олабавувањето на антиковид мерките во угостителските објекти. Владата одлучи да се тргне забраната за ограничување на максималниот бројот на гости на една маса во рестораните и кафетериите, и на отворено и на затворено. 

Граѓаните реагираат „Како тргнале - и вакцини ќе укинат, за да подадат глава од калта“, алудирајќи дека дел од овие одлуки се во насока на освојување на симпатиите кај гласачите во пресрет на изборите. 

„Ја замолуваме владата да фрли и некој ваучер за кафана или гратис пијачки. Да залееме за глас!!! Го потценивте и прегазивте овој народ премногу“, гласи еден коментар на фејсбук. 

„Ај до 31ви и маски и сертификати се ке тргнат за да добијат некое гласче, ама гласчето нема да се јави“, пишува друг. 

„Дали и наредивте на короната да земе пауза 17 дена, за вашите предизборни митинзи, за да нема протоколи“, гласи друг коментар. 

„Укинување на ограничувањата во кафеаните, како предизборен поткуп. Да се провеселиме денес, ќе плачеме утре“, вели професот Дејан Трајковски кој ја комениташе актуелната епидемиолошка состојба.