Се укинува забраната за товарни возила на патот Маврово-Дебар

АМСМ соопштува дека денеска од 12 часот, веќе е укината забраната за движење на товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар. 

Сепак, останува на сила апелот граѓаните кои управуваат со каков и да е вид на возило да бидат особено внимателни, бидејќи сообраќајот се одвива во услови на дожд и снег на повисоките места. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.