Се судриле три возила во Скопје - повредени сите тројца возачи и сопатници

Сообраќајна несреќа се случила вчера во 14.15 часот, на бул.„Словенија“ во Скопје. 

Во несреќата учествувале три патнички возила, сите три со скопски регистарски ознаки. Со повреди се здобиле тројцата возачи и нивните сопатници, но со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетните сопатници во едно од возилата. Од МВР со детали за случајот:

-На 04.10.2022 во 14.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“, управувано од М.Б.(25) од Скопје, патничко возило „опел“, управувано од И.Ш.(52) од Скопје и патничко возило „мерцедес“, управувано од И.А.(34) од с.Љуботен, скопско, сите три со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј.Ш.(49) и Б.Ѓ.(24), како и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н.Ш.(49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“ - се вели во соопштението на МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.