Се судрија три автомобили и автобус во Скопје - меѓу повредените и малолетник

Четири лица се здобиле со повреди при верижен судир кој се случил вчера попладнето во Скопје, информира МВР.

„ На 23.10.2020 во 18:20 часот било пријавено дека во Сопиште-скопско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот Д.А. од Скопје, патничко моторно возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишниот И.Б. од Скопје, патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од 70-годишниот Н.Ѓ. од Скопје и автобус „лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 40-годишниот Г.К. од Скопје.

Во незгода со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Б.А.(26) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле Д.А., И.Б. и сопатник од возилото „матиз“ на возраст од 16 години од Скопје констатирани во Градската опшата болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.