
56-годишник од Гостивар возел без возачка дозвола и учествувал во сообраќајка со полициско „пежо“.
- На 07.04.2026 во 15:15 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.А.(56) од Гостивар. По претходно случена сообраќајна незгода помеѓу службено полициско возило „пежо“ и патничко возило „мерцедес“ со гостиварски ознаки, управувано од Б.А., биле извршени проверки и било констатирано дека Б.А. го управувал возилото без возачка дозвола и согласно член 297-а од Кривичниот законик возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, известија од полицијата за случајот.