Се судрија мотоциклист и два автомобили во Аеродром

На 22.05.2019 година во 11.30 часот на ул.„Јане Сандански“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(50) од Скопје и патничко возило „Цитроен Саксо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(74) од Скопје, при што двајцата удриле во паркирано патничко возило „Мицубиши Колт“ со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Г.Р. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.