
68-годишен гостиварец е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улица во Гостивар.
Според информациите од МВР, вчера во 12:25 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул. „Седек Костоски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Н. (19) од Гостивар и велосипед, управуван од Б.И. (68) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.И., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на екипа од СВР Тетово.