Се судрија малолетник со „јамаха“ и 19-годишник во „бмв“, повредено едно лице

На 15.08.2022 во 19.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од ул.„Народен фронт“, ул.„Шарски одреди“ и излез од паркинг простор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(19) од Скопје и мотор „јамаха“, без регистарски таблици, управуван од малолетник од с.Пласница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.