71-годишник е тешко повреден во сообраќајка кај село Дедели, валандовско.
Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионалниот пат Р-1105 кај село Дедели се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Волво“ со полуприколка „трисан“, со турски национални ознаки, управувано од Е.Н.(38) од Република Турција, патничко возило „Фолксваген пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од Нов Дојран и патничко возило „Фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Е.(27) од с.Василево, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило лицето В.Н.(71) сопатник во возилото „Голф“ од село Сарај, општина Босилово, а со телесни повреди се здобил возачот на „пасатот“ М.С., констатирани во Општата болница во Гевгелија, информираа од полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.