Се судрија 83-годишен возач и млад моторџија во битолско

Две лица се повредени во сообраќајка во битолско. 

На 11.09.2022 во 12.05 часот било пријавено дека во с.Крклино, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен ц3“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а управувано од Ч.Н.К.(83) од Израел и мопед „лонџија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од Р.М.(19) од с.Долно Оризари, битолско, стои во денешнито полициски билтен. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мопедот А.Т.(20) од с.Долно Оризари, констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.