Се степале пред кафеана, па еден од нив нападнал и полицаец

На 21.06.2021 околу 04.30 часот на паркинг пред угостителски објект во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени Б.К.(25) од с.Кучкарево, Ф.В.(21) од Скопје, А.А.(23) и И.С.(22), двајцата од Куманово.

Б.К. физички го нападнал Д.М.(21) од Скопје, а потоа приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. 

Б.К. исто така агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.