Се степале малолетници, а потоа настанала групна тепачка - Инцидент во Шуто Оризари

Групна тепачка со која бил нарушен јавниот ред и мир во Шуто Оризари. 

Вчера во СВР Скопје е пријавено дека на 24.02.2026 на подрачјето на Шуто Оризари по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, М.Х.(22), И.Х.(23) и Р.Х.(46) физички го нападнале едниот малолетник, информираа од МВР.

Подоцна е пријавено дека дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З.(54), Р.З.(36) од една страна и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.