Се степале двајца дедовци во Драчево

Две лица на возраст од 75 и 70 години физички се пресметале, по претходно недоразбирање. 

Случајот бил пријавен вчера (26.09.22) во Полициската станица Драчево во 12.30 часот. 

Од МВР информираат дека двајцата го нарушиле јавниот ред и мир. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.