
„Одиме на Европско“ стана официјална химна на македонското учество на Европското првенство.
Спотот за песната ќе се снима во неколку градови низ македонија, Свети Николе, Велес, Крушево, Битола, Охрид и Скопје, а ќе биде промовиран на крајот од месецов. Со тоа, таа добива и официјален аудио-запис.
Во снимањето и авторската реализација учествуваат Суперхикс, Саше Љотес, ВИС Рисови, Танче Гроздановски, Никола Бочваров и Слободан Хаџи Илиев. Во спотот како поддршка на репрезентацијата се појавува и автомобилистот Игор Стефановски - Иџе.