
14-годишник нападнат од тројца врсници во скопско Марино. Едниот од нив употребил и метален предмет.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (23.01.2026) во 22:30 часот во СВР Скопје, Н.Б.(44) од населба Илинден, општина Илинден, пријавил дека околу 20:00 часот на паркинг простор во село Марино, скопско, по претходно недоразбирање, неговиот 14-годишен син, бил физички нападнат од тројца малолетници, кои ги познавал, од кои едниот употребил метален предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.