Се симнала од автобус, па доживеала несреќа - тешко повредена жена од Скопје

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 16 часот од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесена повредена 75-годишната Р.В. од Скопје, повредена како патник при симнување од автобус на ЈСП и дека истата со возило на Итна медицинска помош била препратена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. 

Од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош истата била задржана на понатамошно лекување.

Полицијата на целосно расчистување на случајот.