Сè што треба да знаете за мажот роден во знакот Стрелец

Според астрологијата, ако сте родени во периодот меѓу 22 ноември и 21 декември, вие сте Стрелец.

Photo by Gregory Hayes on Unsplash

Овој знак го носи симболот на стрелата и се смета за кентаур: половина маж, половина коњ. Тој е управуван од Јупитер, планетата на среќата, филозофијата и вистината. Ова е огнен знак заедно со Овните и Лавовите.

Родените во овој знак ќе ги познаете по нивната силна љубов за животот и екстровертниот карактер. Нивната личност е интензивна, но тие лесно се адаптираат на другите луѓе и се обожавани поради нивната спонтаност и оптимизам. Мажите родени во овој знак се енергични и посветени битија, тие се слободни души кои не ја поднесуваат рутината.

Генерални карактеристики

Овој маж е храбар авантурист кој низ животот се движи спонтано и ги граба сите можности. Тој има ентузијазам за светот и животот, но и постојано добро расположение. Стрелците се сметаат за забавните пријатели во секое друштво, бидејќи имаат неверојатно добра смисла за хумор и способност дури и најмалите нешта да ги направат возбудливи и незаборавни.

Мажите родени во овој знак се самоуверени и ним им е најважна радоста и слободата. Во кариерата како и во односите со другите посакуваат флексибилност и слобода, а штом се почувствуваат како некој да ги гуши, стануваат бунтовници. Не почитуваат авторитети и за нив е важно да се во право. Сигурни се во своите верувања и ставови и тешко можете да ги разубедите ако се сигурни во нешто.

Добри страни

Стрелецот е енергичен авантурист, кој постојано трага по мудрост и вистина. Ги цени знаењето, постојаното учење и филозофијата. Важно му е да биде околу луѓе кои имаат слични вредности, кои се интелектуално моќни и со кои може да води такви разговори. Тој е одличен говорник и може да дискутира на различни теми.

Дава совети само кога тоа ќе биде побарано од него и нема намера да се меша во туѓите животи. Во себе носи заразна енергија која е интересна и забавна за другите околу него. 

Лоши страни

Овој маж е прилично шармантен и секогаш има добри намери. Но, ако почувствува дури и најмала досада, може да исчезне без збор. Неговото его често е големо бидејќи сака внимание, а понекогаш се однесува и нарцисоидно. Потребно му е другите да го сакаат и да му се восхитуваат. 

Некогаш знае да биде премногу директен. Иако тоа е често добро бидејќи неговите намери се искрени, сепак ова може да ги повреди другите. Некогаш нема филтер за она што го кажува. Ако сакате искреност, тоа највеќе ќе го добиете од Стрелците, но секој не може да ја поднесе нивната искреност. Тие некогаш знаат да се однесуваат и безгрижно и неодговорно. Знаат да се и само делумно достапни кон другите, а во врските и пријателствата тоа може да биде проблем.

Каков е во љубовта?

Мажите родени во овој знак се многу самоуверени. Тие не чекаат многу за да ви пријдат и истовремено не се плашат од тоа да бидат одбиени бидејќи нема да поминат премногу време мислејќи на тоа. Дури и да ги одбиете, тие не го сфаќаат тоа како никаков пораз. Нема да ве гледаат од дистанца и да чекаат да ви пријдат, туку тоа ќе го направат директно и отворено и ќе знаете што чувствуваат.

Но, бидејќи флертуваат со некого, тоа не значи дека се навистина заинтересирани за вас, бидејќи многу често се впуштаат во ваквата игра бидејќи им е забавно. Често бегаат од тоа да бидат врзани во една врска, а ако ги задржите до себе, тоа значи дека навистина ве сакаат.

На почетокот, ја сака играта и важно му е да освојува полека. Ќе се труди да ве освои, но ќе очекува и вие да се трудите околу него. 

Тој сака да биде независен во сите аспекти и тешко би му било да биде со некој кој ќе го гуши. Тешко му оди да се врзе со посесивните и љубоморни Шкорпии и Јарците кои се премногу одговорни и студени за негов вкус. Ако почувствува дека му ја земате слободата, ќе избега со брзина на светлината.