Се што треба да знаете за луѓето родени во знакот Овен

Припадниците на овој хороскопски знак се подготвени да скокнат во акција речиси за што и да станува збор. Овните се управувани од нивната возбуда и страст за успех. Секогаш имаат некаква цел според која се водат и најчесто успеваат да го реализираат тоа што ќе го наумат. Овенот е амбициозен, решителен и цврст знак. Друга типична карактеристика за овните е спонтаноста.

Ако никогаш не сте биле во близина на некој кој зрачи со толку многу сексапил, тогаш дефинитивно ќе бидете шокирани. Способноста да го привлече и предизвика спротивниот пол доаѓа многу природно кај овој хороскопски знак. Тој знае каков ефект предизвикува и ужива во својата сексапилност.

Овенот е бесрамен флертувач кој повеќе го обожува „бркањето плен“ отколку фактичкото „уловување“ на оној партнер кон кој чувствувал привлечност.

На овенот многу брзо му станува досадно, особено ако не ја доживува доволно предизвикувачка моменталната ситуација во која се наоѓа. Оваа карактеристика на овенот постои во секоја област од неговиот живот. Тоа значи дека овенот мора да биде ментално и емоционално предизвикан за да може да остане заинтересиран за она за кое што се нафатил. Ако сте во врска со некој овен, имајте на ум дека мора да бидете доволно интересни и да внесувате возбуда во врската, бидејќи тој брзо ќе изгуби интерес и ќе тргне во потрага по нов љубовник.

Овенот не прави ниедна работа до пола. Тој има перфектен вкус и лесно препознава добар квалитет. Другите луѓе може да сметаат дека тој е премногу пребирлив, но тој едноставно кажано има природна дарба за препознавање на убавите нешта во животот. Ако еднаш некој овен оцени дека достојно ги исполнувате неговите стандарди, тој ќе ве качи на пиедестал засекогаш или барем додека не го разочарате.

Овните сакаат секогаш да бидат први во сè, почнувајќи од извојување победа во некоја друштвена игра, до добивање на највисокиот бонус на неговото работно место. Да го добијат второто место во нешто, претставува голем пораз за овенот, па кога тој губи ќе треба да помине некое време додека се почувствува повторно самоуверено.

Неговата лидерска способност и чувството за праведност секогаш ја освојува лојалноста кај другите луѓе, кои знаат дека тој никогаш не би побарал нешто од нив, кое не би го направил ни сам. Овенот ги знае неговите способности и верува во неговиот успех.

Овните брзо се лутат и не го прикриваат својот гнев. Дури и да сакаат да го прикријат, искрите во нивните огнени очи ќе ги издадат. Но, добрата вест е дека луѓето родени во знакот овен ретко ги држи лутината долго време.

Ќе бидете среќни во љубовна врска (или брак) со овен, доколку успеете секогаш да останете негова мистерија, која тој вечно ќе се обидува да ја сфати и разреши. Овенот не само што е многу романтичен, туку е и хороскопски знак кој верува во вистинска љубов. Несомнен е фактот дека овенот мора поактивно да поработи на односите кои ги гради со другите луѓе, но кога станува збор за љубовта, тој е посветен и лојален партнер.
Овенот обожава спортови кои се играат надвор, особено оние кои му даваат можност да се докаже колку го бива.

• Идеални професии за овен: пиармен, спортски тренер, воено лице, атлетичар, забар, адвокат, механичар, политичар, полицаец
• Омилени бои: светло црвена, кафена, жолта
• Најкомпатибилни знаци: стрелец, лав, водолија, близнаци
• Животно мото: „Оној кој сака – може!“

Во знакот Овен се родени  Лејди Гага , Фарел Вилијамс,Мараја Кери, Сара Џесика Паркер, Риз Витерспун, Мајкл Фасбендер, Викторија Бекам, Кејт Хадсон, Кристин Стјуарт. .