Сè што треба да знаете пред да се одлучите за инвитро

Еве неколку прашања кои би требале да ги поставите во центарот за оплодување:

Колкав е вашиот успех на оплодување со оваа метода?
Колкав е вашиот успех кај жените на ваша возраст и со истиот проблем?
Колкав е вкупниот бројот на живородени бебиња во вашиот центар, годишно?
Колку од вкупниот број добиени бебиња се близнаци, тројки, четворки…?
Колку ќе чини процедурата, вклучувајќи ги и хормонските третмани? и сл.
Што може да очекувате од инвитро-оплодувањето?

Првиот чекор во ин витро оплодувањето подразбира инјектирање хормони, поради што ќе произведете повеќе јајцеклетки во месецот, наместо само една. Потоа ќе бидете тестирани за да се утврди дали сте спремни за понатамошна процедура, што подразбира пронаоѓање и вадење на јајце клетките. Но, и на ова претходи инјекција со помош на која созреваат јајце клетките и започнува процес на овулација.

„Тајмингот“ е многу важен, јајце-клетката мора да биде извадена точно пред да се појави од фоликулите во јајниците. Ако јајце клетката е извадена прерано или предоцна, нема да се развива нормално. Вашиот доктор може да изврши тестирање преку крвта или со помош на ултразвук да утврди дали јајце клетката е во саканиот развоен стадиум пред да ја извади. Вашиот центар за оплодување ќе ви даде посебни инструкции кои треба да ги следите во текот на ноќта пред и на денот на процедурата. Многу жени добиваат лекарства против болка и по избор – можат да бидат благо под седативи или под целосна анестезија додека трае процедурата.

За време на процедурата, докторот ќе ги лоцира фоликулите во јајниците со ултразвук и ќе ги извади јајцеклетките со помош на шуплива игла. Оваа постапка трае помалку од 30 минути, но може да се случи да потрае и до еден час.

Веднаш, потоа, вашите јајце клетки ќе бидат помешани во лабораторијата со сперматозоидите од вашиот партнер, кои треба да се донирани истиот ден.

Додека Вие и вашиот партнер се враќате дома, оплодените јајцеклетки остануваат во центарот под надзор со цел да се обезбедат оптимални услови за раст. Во некои случаи во зависност од центарот, се случува да треба да чекате и по пет дена додека ембрионот достигне понапреден бластоцистичен стадиум.

Кога ембрионите се подготвени, ќе се вратите за докторите да можат да ги сместат, еден или повеќе ембриони во вашата матка. Оваа постапка е побрза и полесна од претходната. Докторот ќе вметне мека цевка наречена катетар во вагината и цервиксот се до матката, каде ќе ги постави ембрионите.

За да ги зголемат шансите за забременување, повеќето ин витро експерти практикуваат вметнување на три- четири ембриони одеднаш. Секако, ова значи дека е можно да дојде до повеќекратна бременост, која пак го зголемува ризикот по вашето и здравјето на вашите бебиња.

Препорака при оваков третман е да останете во кревет неколку часа, а потоа да се вратите дома. Вашиот доктор ќе ви направи тест за бременост за околу две недели по вметнувањето на ембрионите.

Во некои случаеви, во кои кај партнерот се појавува проблем со квалитетот на спермата, докторот може да комбинира ин витро оплодување со постапка наречена интрацитоплазматска инјекција на сперма. Во овој случај, спермата се зема дури и директно од тестисите на партнерот, и се вметнува директно во вашата јајцеклетка. Штом се создаде жив ембрион, се сместува во матката со вообичаена ин витро процедура.

Колку е оваа метода на вештачко оплодување успешна?

Успехот при примена на оваа метода зависи од мноштво фактори, вклучувајќи ја и причината која довела до неплодност, каде ја изведувате оваа метода, како и вашата возраст.

cheap nike free run 5.0