Се сеќавате ли на првата македонска раперка - Ена Веко, си дојде во Скопје (фото)

Сигурно се сеќавате на хитовите „До кога вака“, „Келнерот“, „Мачомен“ .... отпеани од популарната Ена Веко или Елена Домазетовска, девојката која ја носи титулата прва македонска раперка.

Таа се појави во многу дуети. Со групата „Легенда“ го направи хитот „Признавам, не признавам“, а беше дел и од Фолк вестивалот „Цветници 93“ кога заедно со Мирко Митревски и групата „Академци“, ја отпеа „Си заљубив раперка“. Виновник за популарноста на Ена Веко е нејзиниот чичко Тоше Поп Симонов.

Оваа популарна и интересна пејачка која ретко кој може да ја заборави денес живее преку океанот. Деновите ги поминува во Сиднеј, Австралија. Воопшто не е дел од музичката индустрија. Ретко доаѓа во земјава, а посетите главно ги користи за приватни дружења и посета на најблиските. Токму една таква посета е документирана на овие фотографи