Се сеќавате ли на оваа фотографија? Една година подоцна се уште се „рециклира“ како сцена од македонските КОВИД-центри

Се сеќавате на трогателната фотографија на која, наводно, беа прикажани македонски полицаец и неговата сопруга, медицинска сестра на инфективното одделение?

Доколку гореприкажаниот дел ви е познат, но не се сеќавате за што точно се работеше, ви ја пренесуваме целосната слика која се појави минатата година, на самиот почеток на кризната состојба, во медиумите и на социјалните мрежи често прикажувнаа како сцена од македонски КОВИД-центар.

Сепак, многумина добро се сеќаваат дека за кратко време се откри дека потеклото на сликата воопшто не е ниту во Скопје, ниту пак во Македонија, туку истата беше објавена на официјалната страница на српското Министерство за внатрешни работи. Иако повеќепати беше демантирана автентичноста, сепак на голем број фејсбук-страници повторно се споделува, веројатно поради можноста „спомени“ која ја има секој корисник. 

На реалната фотографија јасно се гледа дека местото кое тактички е прикриено со стикер во форма на срце, всушност се наоѓа логото на српската полиција.

Иако цела година сме веќе длабоко навлезени во пандемијата, која сосема очекувано е опкружена со голем број лажни вести и дезинформации, останува фактот дека истава фотографија предизвика лавина на позитивни реакции, без оглед на фактот што многупати беше споделувана како навистина да е фотографирана пред инфективното одделение во Скопје, кое беше и првиот КОВИД-центар во Македонија.