Се сеќавате ли на Филип Лафонтен, Белгиецот кој на Евровизија пееше за својата жена од Македонија?

Во 1990 година, со оркестар во живо, белгискиот пејач Филип Лафонтен во Загреб пееше песна за својата сопруга од Македонија.

Песната има наслов „Macedomienne“, сложен збор кој во превод од француски јазик би бил „Мојата Македонка“. Во песната тој пее и за Охрид.

Оваа евровизиска песна е една од ретките која нема официјален запис како сингл во моментот кога се случувала Евровизија. Подоцна тој го продал синглот за да собере пари во добротворни цели, за помош на децата од Југославија. Сепак, не можевме да најдеме податок дали Лафонтен и неговата Македонка се уште се во брак, бидејќи тој не открива многу за својот приватен живот.

Тој е се уште активен на европската музичка сцена. 

Во 1990 година тој заврши на 12-тото место.