Сè се менува во моментот кога ја губиме почитта за личноста која ни значела најмногу

Моментот кога ја губиме почитта за некоја личност која ни значела е момент кога сè се менува.

Тоа е оној миг кога стоиме пред личноста на која сме и се восхитувале и на која сме и верувале. Во тој миг не чувствуваме ништо. Не можевме никогаш да помислиме дека ќе стигнеме дотука.

Сигурни бевме дека никогаш нема да имаме ваков проблем. Мислевме дека таа личност е целиот наш свет, дека можеме да се потпреме на неа, дека таа никогаш нема да нè повреди на тој начин.

Моментот кога ја губиме почитта за некого е моментот кога се обвинуваме себеси бидејќи долго време сме верувале во нешто што не е вистина. Тоа е моментот кога не сме ги виделе сите тие мали сигнали или сме одлучиле да не ги видиме за тоа дека таа личност не нè заслужува во нејзиниот живот. Или пак, можеби мислевме дека нешто ќе се смени. На крајот, се истоштуваме и сфаќаме дека не можеме повеќе од ова. 

Моментот кога ја губиме почитта за некого е моментот кога веќе не сме подготвени да и продолжуваме уште шанси на таа личност. Тогаш сфаќаме дека веќе ги нема почитта и љубовта и дека веќе е доцна. Немаме веќе восхит, не сакаме веќе да ги намалуваме своите стандарди, не сакаме да дозволуваме некој да го крши нашето срце повторно и повторно. 

Моментот кога ја губиме почитта кон некого е моментот кога разбираме дека некогаш почитта е поважна од љубовта и дека кога ќе ја снема почитта, љубовта умира со неа. 

Не сме веќе личноста која ќе толерира, барем не повеќе!