Се санираат неколку улици во Усје во Кисела Вода

Увид во градежните активности кои се одвиваат во Усје, денес изврши градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ.

Улица “Борис Трајковски”, крак 20, ќе биде целосно поплочена со павер елементи.

Поплочени ќе бидат и трите пропратни краци на оваа улица во должина од 280 метри.

Екипите на градежната фирма која е на терен, треба да ги завршат своите активности во наредниот период, по што улиците во населеното место Усје ќе добијат подобрен лик, а неговите жители подобри услови за живеење.

Општина Кисела Вода ќе продолжи со трендот на санација на улици кои се на нејзина територија.

 

new nike air max 2019