Се санираат клупите во центарот на Скопје, како и на кејот на Вардар

Екипите на ЈП Паркови и зеленило, по налог од Град Скопје, деновиве ги санираат оштетувањата на клупите во централното градско подрачје.

Екипите вршат фарбање и по потреба ги прицврстуваат клупите поставени во централното градско подрачје, како и на кејот на Вардар на горната и долната патека.

Исто така, во текот на наредната недела на скалите на кејот пред Камени мост ќе бидат поставени комплетно нови талпи за седење.

-Апелираме да не се оштетува урбаната опрема поставена во корист на сите граѓани, порачуаат надлежните.