Се санираат и се пуштаат во употреба фонтаните во Kисела Вода

Пред претстојните топли денови во општина Кисела Вода забрзано се работи на санација на фонтаните чие одржување е во нејзина надлежност.

Фирмата што беше избрана како најповолна на неодамна завршениот тендер веќе заврши со санација на неколку фонтани, а на другите се работи и во текот на седмицата тие ќе бидат пуштени во употреба.

Се работи за 5 фонтани што се поставени во поголемите паркови и на локации каде што често се собираат жителите на општината. Паралелно се работи и на санација на реквизитите во детските игралишта како жителите би можеле во целост овие места да ги искористат за она за што се наменети – за одмор и рекреација.

Општина Кисела Вода апелира за совесно однесување и почитување на законските прописи до сите граѓани што во континуитет вршат демолирање на урбаната опрема и детските реквизити во парковите и јавните површини на целата територија на општината. Уништувањето на средината во која и самите живеат, освен што е неодговорно, е и законски казниво дело.