Денес, со сезонски цветен расад се уредуваа жардиниерите на Кеј 13 Ноември во центарот на градот.
- Цветното разубавување го оформивме со засадување на 1200 коренчиња на хипоестес како дополнување на хортикултурните содржини низ површините во централното градско зеленило, информираа од Јавното претпријатие Паркови и зеленило.
- Покрај неговата декоративност, убавината на овој цвет се всушност неговите шарените листови, давајќи разноликост на овој дел од уредените површини во градот, додаваат оттаму.