Се рушат преостанатите бараки во Аеродром на улицата „Шарло“

На улицата „Методија Шаторов Шарло“ се расчистуваат дрвјата и преостанатите двокатни згради-бараки, за да продолжи градењето.

Како што наведува „Скопско ехо“, утрово на улицата која некогаш го носеше името „Руди Чаевац“ интензивно се сечат дрвата од парковите пред бараките. На нивно место во следните неколку години ќе никнат нови згради, како и во остатокот на околината.

Во овој дел од Аеродром интензивно се градат станбени згради, висококатници, со најмалку осум ката и голем број станови. Побарувачката е голема, со оглед на тоа што речиси и да не е останат непродаден стан во овие објекти. Многу од становите беа продадени додека зградите уште беа во фаза на изградба.