Се реновира живеалиштето за морскиот лав во Зоолошка

Се реновира живеалиштето за морски лав. Кан цело време будно набљудува како се поставува нова тенда која ќе му држи сенка во топлите сончеви денови, известиваат од зоолошката градина на својот фејсбук профил. 

Морскиот лав Кан е едно од омилените животни во зоолошката. Тој е прекрасен и грациозен и секогаш плени со својата веселост. 

Тој веќе две години е сам во своето живеалиште откако вториот морски лав Аби, кој заедно со Кан стигна во Скопје од Зоолошката во Загреб, угина во февруари 2017 откако голтна камен кој му бил фрлен од посетител.

Кан е жител на Зоолошката градина од септември 2015.