Се реновира Основното Училиште “Лирија“ во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и министерот за Образование и Наука Арбер Адеми продолжуваат со координација и соработка за подобрување на инфраструктурата на основните училишта во Општина Чаир. Овој пат во партнеритет со донаторот Ефтинија Импекс, се реализираше реновирање на просториите на Основното Училиште “Лирија“.

Ганиу и Адеми им се заблагодарија на поранешниот директор г-дин Талат Садику и на новата директорка г-ѓа Теута Идризи за нивниот ангажман за реализација на квалитетен образовен процес и на целото раководство на училиштето им посакаа успешна работа и целосна поддршка во следните предизвици.

Детали за реализираното реновирање и работите во тек:
- Реновирање на спортската сала за Физичко и Здравствено
Образование – 420 М2 (реновирање на паркетот, кречење, регулирање на осветлувањето, промена на влезните врати и на вратите кај соблекувалните)
- Реновирање на подот во коридорите на првиот и вториот спрат – површина од 300 М2
- Промена на влезните врати на училиштето и вратите во коридорите на двата спрата
- Промена на вратите на училниците во првиот спрат – вкупно 26 врати
- Кречење на sидовите во коридорите на првиот и вториот спрат
- Целосно реновирање на две училници (под, кречење и изолација)
- Регулирање на осветлувањето на училиштето

Во процес на работа:
- Целосното реновирање на тоалетите
- Регулирање на оградата на училиштето
- Уредување на фасадата