
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово информираше дека се врши реновирање на делови од основното училиште „Димитар Миладинов“.
„Во ООУ „Димитар Миладинов“ во тек се инфраструктурни зафати со кои ќе се подобрат условите за учениците и вработените. Се обновуваат санитарните јазли и соблекувалните, се решава долгогодишниот проблем со канализацијата“, истакна Герасимовски.
Воедно тој порача дека летниот распуст ќе го искористат за инвестиции во училиштата при што ќе продолжат да вложуваат во современи, безбедни и функционални училишта за секое дете.