Се реконструираат повеќе улици во Илинден

Oпштина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката локална патна инфраструктура.

Деновиве се отпочнува со реконструкција на повеќе локални улици низ општината, со што ќе се создадат подобри услови за живеење, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот, велат надлежните/ 

Изградбата и реконструкцијата на локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа и во наредниот период, порачаа од општина Илинден.