Се реконструираат подовите во училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски денеска изврши увид во градежните активности во централното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Ѓорче Петров, каде се изведува целосна промена на подовите на површина од 270 м², како и замена на оштетените внатрешни врати.

- Овие активности се дел од нашата посветеност за модернизација на образовната инфраструктура. „Со овие инвестиции, се грижиме да обезбедиме современи и безбедни услови за учење. Ова не се само градежни зафати, туку вложување во иднината на нашите деца и нивниот квалитет на образование. Нашата цел е да обезбедиме простор каде што децата ќе можат да учат и растат во најдобри услови, порала Стојкоски.

 Со овие активности, училиштето добива нов лик, создавајќи простор кој е функционален, инспиративен и пријатен за учениците.

 Во истото училиште, општина Ѓорче Петров неодамна заврши два големи инфраструктурни проекти за подобрување на условите за физичко образование и спорт - реконструкција на игралиштето за фудбал на трева, како и за баскет на тартан подлога.