Се реконструира улицата Перо Наков во Гази Баба

Од Град Скопје информираат дека се реализира првата фаза од реконструкцијата на улицата Перо Наков.

-Се реконструира површина од над 18.000 метри квадратни и должина од два километри, при што воедно се заменуваат оштетените рабници, а се врши и реконструкција на автобуските стојалишта. По оваа улица секојдневно се движат тешки товарни возила, а нивното движење предизвикува големи оштетувања на коловозот. Барањето за реконструкција се истакнуваше како децениски проблем за повеќе од 10.000 граѓани од месните заедници Кирил Петрушевски, Триангла и Маџари 1, а со реализација на овој проект значително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот, велат надлежните.