Се реконструира училишната сала во ОУ „Дане Крапчев“ во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска направи увид во градежните работи за реконструкција на училишната сала во општинското основно училиште Дане Крапчев кои влегуваат во завршна фаза.

-Реконструкцијата на училишната сала во ООУ Дане Крапчев влегува во завршна фаза. Направив посета на општинското основно училиште Дане Крапчев во Ченто каде што активностите за реконструкција на училишната сала влегуваат во завршна фаза, порача Стефковски. 

Учениците од ООУ Дане Крапчев од први септември ќе можат часовите по физичко и здравствено образование да ги реализираат во поквалитетни услови.

-Летниот период го искористивме за реализирање на градежно - занаетчиски работи во општинските основни училишта, вели Стефковски.