
Во тек е реконструкција на фискултурната сала во основното училиште „Димитар Миладинов“. Од Општина Центар велат дека продолжува заложбата за создавање квалитетни услови за воспитно-образовниот процес и за унапредување на спортската инфраструктура во училиштата.
Реконструкцијата предвидува санација на подот, реконструкција на ѕидовите и внатрешната кровна површина, замена на дотраените прозорци и бележење на спортскиот терен.
Градоначалникот Горан Герасимовски нагласува дека инвестициите во образованието и спортот остануваат меѓу клучните приоритети на Општината и дека во изминатиот период значително се подобрени условите во сите основни општински училишта во Центар.