Се реконструира патот кон излетничкото место Три круши

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски заедно со претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ изврши увид во градежните работи за санација на патот кој води кон месноста Три круши.

Во моментов, се работи на санација на патот во должина од 660 метри, а со оваа реконструкција на два краци кои водат до куќите на жителите кои живеат во овој дел од населбата поставени се павер елементи во должина од 220 метри. На патот ќе се постават и 23 столба за светилки.

По завршувањето на работните активности граѓаните полесно и безбедно ќе стигаат до своите домови и до познатото излетничко место Три круши.

Општина Кисела Вода како и досега, така и во иднина ќе продолжи да вложува во подобрување на инфраструктурата во сите делови на својата територија.