Се реконструира кујната на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3

Градоначалникот на општина Карпош информира дека  започна да се реконструира кујната на градинката „Орце Николов“ во Карпош 3.
- Засадивме нови дрвја и се зголеми зеленилото на платото (фонтана), кое секојдневно се чисти и со вап машини. „Сидро“ го промени начинот на селекција на отпадот, а Градот Скопје старите контејнери ќе ги замени со нови, хидраулични. Целосно се реконструираше ул. „Карпошово востание“. Вчеравечер имав средба со граѓаните од Карпош 3, во рамки на маалските средби кои ги организира СДСМ Карпош. Искрено зборувавме за актуелните проекти на Општината, но и за секојдневните проблеми со кои се соочени - информираше Богоев.