Се реконструира Фонтаната во Паркот на светлината во Аеродром

Фонтаната што се наоѓа веднаш до амфитеатарот во Паркот на светлината во скопската општина Аеродром добива комплетно нови мозаични плочки, како и нова хидроизолација.

Станува збор за еден од најпосетуваните паркови во Аеродром, кој има две големи фонтани кои претставуваат големо разладување за жителите, особено во топлите летни вечери, велат од општината. 

 -Екипите на Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжат со реконструкција и уредување и на другите паркови. Истовремено, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и да ги чуваат јавните простори затоа што само така можеме да имаме уредена, зелена и здрава средина, посочија од локалната самоуправа на Аеродром.