Се реконструира фасадата на ЈУДГ „13 Ноември“ – објект Јасмин

Општина Центар со поддршка на Министерството за животна средина ќе ја реконструира фасадата на ЈУДГ „13 Ноември“ – објект Јасмин

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во име на општината, го потпиша договорот со Министерството за животна средина за доделување на средства остварени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации.

Со договорот, Општина Центар од министерството доби на располагање вкупно 2.857.657 денари, кои ќе бидат искористени за активности од програмата за зашитата на животната средина на општината.

Од средствата, 357.657 денари ќе бидат искористени за изработка на Програма за енергетска ефикасност на Општина Центар за периодот од 2021-2024 година, а 2.500.000 денари за реконструкција на фасадата и изведба на термоизолација на фасадни ѕидови на градинката „13 Ноември“ – објект Јасмин.