Се реконструира булеварот кај МАНУ

Градоначлникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на булеварот „Крсте Мисирков“ во делот на општина Центар. Булеварот се реконструира на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај Мавровка, во должина од 550 метри.

Пред две години завршено е со реконструкцијата на првата фаза од истиот булевар која го опфаќаше потегот од Мавровка до Бит Пазар, беше реконструиран и бул. Кочо Рацин на потегот од бул. К.Ј.Питу до бул. Св. Кирил и Методиј.

„Ако на тоа ја додадеме и изградбата на бул. Х.Т. Карпош, како и реконструкцијата на улицата Бихаќка кои ги завршивме изминативе 2 години, можеме да кажеме дека главната сообраќајна артерија на правецот север-југ од Водно до северниот дел на скопската обиколница е во одлична состојба“, вели Шилегов.

Реконструкциите на сите улици од и од годинешнава градежна офанзива ги завршуваме со рекордно кратки рокови со цел да обезбедиме услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж, додава тој.