
ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика информираат дека ќе има ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава и ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија.
„Очекуваме дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите од 20+1оC.Причина за ограничување на преземањето на природен гас од Бугарија кон Македонија, како што извести Номагас, е поради изведување ремонтни зафати за време на грејниот период, на транспортните системи за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот Турски тек“, се вели во соопштението.