Се разгледува германскиот извештај за модуларната болница во Тетово

Германскиот извештај за модуларната болница во Тетово се наоѓа во тетовсото  обвинителство. Денеска е преведен целосно на македонски јазик, пишува ММС.

Германскиот извештај  од седум страници според најавите на надлежните требаше да биде готов за еден месец. Но и по повеќе од четири месеци од страотниот пожар, истражниот процес тапкаше во место. Досега нема ниту еден осомничен, единствено вештачењето на МВР покажа постоење на електричен спој на кабел, на кој бил приклучен дефрибилатор. Беа извршени уште две вештачења – од Технолошкиот факултет и од електроинжинер.

Се очекува наскоро информациите да бидат достапни и на јавноста.