Се расправал со сопругата додека возел, таа ја отворила вратата и наместо да застане убрзал при што тешко се повредила

Кривична пријва е поднесена против 35-годишен тетовец поради сомнеж дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“.

„ На 22.10.2024 додека го управувал своето патничко возило, пријавениот започнал расправија со својата сопруга, по што таа се обидела да излезе од возилото, но тој ја зголемил брзината и таа паднала на асфалтот и се здобила со повреди“., се вели во билтенот на МВР.