Се расчистува уште една депонија во општина Аеродром

Пролетните активности во општина Аеродром продолжуваат со дислокација и чистење на уште една депонија, лоцирана на улицата „Богомилски поход“, веднаш зад парковите Бановина во населбата Лисиче.

- Комуналните служби на општината изминатиот викенд и во текот на денешниот ден интензивно работат на терен за отстранување на отпадот и расчистување на конкретната локација, информираат од локалната самоуправа на општината.

- Преку ваквите активности Општина Аеродром уште еднаш ја потврдува заложбата за одржување чиста и здрава животна средина. Но, во овие напори неопходна е поддршка и од граѓаните кои треба да покажат повисоко ниво на грижа за средината во која живеат, преку соодветно депонирање на отпадот, велат оттаму.