Утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство заплениле и уништиле 100 килограми небезбедна храна од пазарот за стари работи Бувљак во скопската населба Маџари.
„Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна“, се вели во соопштението на АХВ.
Од АХВ апелираат до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.