Се превртел со трактор - тешко повреден маж од радовишко

50-годишен маж од радовишко бил повреден откако се превртел со трактор. 

- На 02.11.2025 во 11:20 часот во ОВР Радовиш, од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.А.(50) од с.Подареш, радовишко. Според пријавеното, управувајќи трактор на некатегоризиран пат во атар на с.Смиљанци, радовишко, изгубил контрола и се превртел со тракторот, известија од полцијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.