Се преврте трактор во кратовско, тешко е повредена жена

Кратовец со трактор со приколка се превртел при што тешко е повредена неговата сопатничка. 

На 26.09.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека во с.Трновац, кратовско, Ч.Ј.(60) од Скопје, управувајќи трактор на кој имало полуприколка натоварена со огревно дрво, изгубил контрола и се превртел тракторот и полуприколката, соопшти полицијата.

 Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката П.М.(48) од с.Куклица, кратовско, констатирани во ЈЗУ „Кратово“. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кратово.