Утрово, се случи тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Крсте Мисирков“, во близина на МАНУ, кога автомобил се преврте на покрив, пренесува порталот „Независен“.
Засега нема информации за повредени и евентуални жртви.
Од МВР повеќе детали најавуваат за подоцна.
Сообраќајот се одвива нормално, а автомобилот е означен со заштитни конуси.
Фото: Независен